Ви препорачуваме
Пресметајте кога треба да легнете во кревет за да станете наспиени и одморни
Иако некогаш легнуваме рано во кревет, наутро се будиме уморни и ненаспиени. Експертите истакнуваат дека не е доволно само да се легне порано, туку дека треба да се легне во точно време.
На интернет се појави Sleep Calculator кој врз основа на формула и податоци за сонот од областа на медицината, пресметува во колку часот точно треба да се легне, а според времето во кое треба да се стане. Темелен на циклусите на спиењето, а не на бројот на часовите.
Познато е дека човекот во текот на ноќта има пет или шест циклуси кои траат околу 90 минути. Луѓето се будат уморни ако алармот ги разбуди сред циклусот на спиење и поради тоа се јавува чувство на замор.




