Магазин
Принцот Вилијам се врати на своитe должности и за првпат се огласи по дијагнозата на неговиот татко
Британскиот принц Вилијам се врати на своите обврски по операцијата на сопругата Кејт и веста дека кралот Чарлс има рак. Неговиот помлад брат Хари се врати во Калифорнија откако го посети својот татко.
Вилијам ги одложи планираните ангажмани да се грижи за сопругата и своите деца, откако принцезата Кејт на 16 јануари беше оперирана и помина две недели закрепнувајќи во болница. Неговиот татко, кралот Чарлс, беше лекуван во истата болница поради зголемена простата пред Бакингемската палата да објави дека дополнителни тестови откриле дека има рак.




