Занимливости
Прогласена најубавата плажа во Европа
Малата британска плажа Росли беј во Свонси е прогласена за најубава плажа во Европа, фрлајќи ги во сенка шпанската Коста дел Сол и преубавите грчки плажи.
Росли беј првенствено е опишана како област на извонредна убавина, Нејзината посебност ја прават песочните дини и ридовите и не е чудно зошто токму таа е избор на голем број туристи.
– Ова признание не претставува ништо ново за Росли беј, но нашата среќа што имаме една таква плажа ја прави уште поголема, изјави Роберт Френсис Дејвис, член на секторот за туризам.




