Видео
Атракција која не престанува да фасцинира веќе 60 години (ВИДЕО)
Вирот Ковао дос Кончос на планината Сиера де Естрела во Португалија повеќе од 60 години зачудува, но и фасцинира со својот изглед. Изгледа како премин во светот под површината, а оваа е приказната за него.
Иако има изглед на врата, која води во друг свет, треба да се напомене дека сепак тој не е чудо на природата, туку дека настанал со човечка работа и влијание.
Ковадо дос Кончос е дел од хидроелектрана изградена во 1955 година и всушност служи за „смукање“ на водата од езерото до браната Лагоа Комприда.




