Магазин
Производителот на „нутела“ бара дегустатори
Италијанскиот производител на кондиторски производи „Фереро“ објави оглас во кој бара дегустатори кои ќе ги тестираат чоколадата, какаото, лешниците и останатите суровини што се користат за производство на слатки.
Компанијата на заинтересираните им нуди договор за половина работно време, а обврските би ги завршувале во текот на два работни дена во седиштето на компанијата во градот Алба.
Од кандидатите не се бара да имаат претходно искуство, освен да немаат алергија на храна.




