Занимливости
Релјеф со човек на велосипед во храм стар 2.000 години
Познато е дека велосипедот е измислен во 19. век. Меѓутоа, на ѕид од храмот Панчаварнасвами во јужна Индија, стар 2.000 години, е откриено уметничко дело што прикажува човек на возило на две тркала.
Храмот е изграден за време на тамилската Чола династија. Градителите на храмот стар два милениума како да го предвиделе современиот велосипед, доколку фреската е автентична, т.е. не е додадена подоцна, јавува „Мирор“.
– Историчарите велат дека велосипедот е измислен пред 200 години, но како тогаш ова дело се нашло во храмот стар две илјади години?, прашува истражувачот Правин Мохан, кој ја пронашол оваа резбарија.




