Занимливости
Пронајдени Ромео и Јулија стари 5.000 години
Гробница стара 5.000 години е пронајдена во подрачјето Караганди во Казахстан, а во него се најдените телата на древни „Ромео и Јулија”, објави „Дејли Меил“.
Во непосредна близина на љубовната двојка закопани се и два коња, коишто се смета дека биле жртвувани, велат археолозите.
Покрај свитканото машко тело има метален меч и врв од стрела, а веднаш до него се наоѓа и женски скелет, во истата положба, со зелена нараквица украсена со скапоцени камења и друг вид накит. Археологот Игор Кукушкин рече дека постојат некои нејаснотии во поглед на односот, но и смртта на двојката… Нема одговор околу тоа дали биле сопружници, или љубовници, но во секој случај сакале да останат засекогаш заедно.




