Магазин
Реката Соча во Словенија меѓу петте најубави во светот
Доколку реката Соча во Словенија не е најубавата река на светот, тогаш барем може да се вброи во првите пет.
Наречена „смарагдна убавица“, таа е меѓу ретките кои ја задржуваат зелената, па дури и сина боја долж целиот свој тек, долг 138 километри, заради што редовно е фотографирана од светски познатите фотографи.
Старото име за горниот тек на Соча било Шнита. Денешното корито на реката е резултат на големите геолошки промени што се случиле во последните 2.000 години.




