Ви препорачуваме
Со книга на плажа: Читателите ја избраа хит-книгата за ова лето
Клубот Матица, традиционално, 16-та година по ред ја организира летната кампања „Со книга на плажа“, годинава збогатена со новиот слоган „Сонцето пишува нови страници“.
Како и секоја година, читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите Хитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, дело номинирано за најдобар роман во 2014 година во САД.
„Сеќавање на љубовта“ е реална, вистинска драма, приказна сместена помеѓу волшебната убавина на Прага и велелпниот модерен Њујорк. Приказна стара педесетина година со порака која вечно ќе живее во срцата на милионите читатели ширум светот. За годинава, особено радува податокот што во првите пет наслови, на второто место, за првпат во овие шеснаесет години се најде и дело од македонски автор, и тоа дебитант, младата Верче Карафилоска со својот „Бездомник со златен часовник“, роман фикција со извонредни примеси од трилер и драма.




