Занимливости
Реконструирано лицето на Гркинка која живеела пред 9.000 години
Грчки научници го реконструираа лицето на девојка која живеела во денешна Тесалија пред 9.000 години, со што може да видиме како изгледале луѓето во Мезолитот.
Тинејџерката е наречена Авги (во превод од грчки: „зора”), оти се претпоставува дека живеела во зародишот на цивилизацијата. Заби и коски на девојката биле најдени во 1993 година, во пештерата Теопетра во Тесалија. Се смета дека Авги имала меѓу 15 и 18 години.
Професор ортодонт Манолис Папагрикоракис изработил силиконска реконструкција на лицето, а со помош и на глинен калап на главата.




