Занимливости
Ресторан во Лондон го забрани користењето телефон во текот на јадењето
Во лондонскиот ресторан „Tea Teras“ мобилните телефони можете да ги ставите во мала кутија на маса, што се чува под клуч, а комбинацијата за отклучување не ја знае никој, освен персоналот.
Во денешно време, во било која ситуација, речиси е невозможно да се сретнат луѓе кои не гледат во мобилните телефони. Многумина мислат дека користењето телефон треба да се ограничи барем за време на ручекот или вечерата, но тоа обично останува само како идеа.
Еден ресторан во Англија, сепак, одлучи да мине од зборови на дела, па доколку сакате токму таму да ручате, ќе морате да заборавите на користењето на мобилните телефони.




