Занимливости
Родители не дозволиле лекарите да го исклучат детето од апарати, а потоа се случило чудо
Брачна двојка од Франција преживеала пекол за да се избори за тоа нивната ќерка да добие шанса за живот.
На едногодишната Марва во септември и било толку лошо што таткото Мухемад Букенафа морал да ја одведе во болница во Марсеј. Нервниот систем на девојчето бил нападнат од вирус и лекарите морале да ја стават во вештачка кома од која не се разбудила два месеци. Прогнозите биле многу лоши, поради што лекарите сакале да ја исклучат од апаратите. Родителите не биле подготвени да се согласат на тоа бидејќи биле убедени дека детето ќе им се разбуди. Поради тоа одлучија по судски пат да се борат за нејзинот оддржување во живот а на платформата change.org собрале 124 илјади потписи.
– Кога ќе го чуе мојот глас, се помрднува, изјави тогаш Букенафа за француските медиуми.




