Занимливости
Руски научници од јаглен направиле злато
Научници од руската Амурска Област по долгогодишни истражувања успеале да дојдат до заклучок дека е можно од искористен јаглен да се извлече цело богатство.
По 15-годишно проучување на составот на јагленот, експертите од Амурскиот научен центар при Руската академија на науки (РАН) успеале да пронајдат начин со кој од еден тон искористен јаглен извлекувале по еден грам злто.
Во план е експерименталната опрема, која веќе постои, уште до крајот на годинава да биде поставена на еден од котел за да се почне со реализација на ова револуционерно откритие.




