Занимливости
САД: Му се насмевна среќата на дедото кој продаваше сладолед за да преживее
Добрите луѓе од целиот свет собраа 115.000 долари за 89-годишен дедо, кого жителите на Литл Вилиџ во Чикаго го гледаа секој ден како ја влече количка со сладолед.
Подгрбавен, дедото Фиденцио Санчез секое утро одел „на работа“ во исто време. Од тоа го прехранувал семејството. И покрај тешката ситуација и лошата здравствена состојба, никогаш не просел.
Џоел Сервантес Масиас рече дека неговото срце се скршило кога го видел тоа, бидејќи луѓето во тие години би требало да уживаат во пензијата. Тој го фотографираше и го постави на Фејсбук: Јас го почитувам овој човек најмногу. Пред да оди дома, Масиас купил 20 палети од него и му платил 50 долари.




