Занимливости
Научници: Месечината може да влијае на земјотресите
Земјотресите често се случуваат кога има полна или млада Месечина, оценија научниците во студијата објавена во новиот број на списанието „Нејчер џиосајенс“.
Јапонски научници го истражуваа влијанието на плимата на сеизмичките актиности оценувајќи дека тоа би можело да помогне во проценката на ризикот од земјотреси.
Во студијата се наведува дека не треба да се занемари влијанието на Месечината и Сонцето, како ни Земјината гравитација во случај на потенцијални потреси.




