Ви препорачуваме
Се отвори нов ексклузивен салон на Порше во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Порше Македонија со гламурозна свеченост синоќа го отвори новиот продажен салон во Скопје во кој ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche: Boxster 718, Cayman 718, 911 Carrera, Panamera, Cayenne и Macan. Компанијата, покрај салоните за брендовите: Volkswagen, Skoda, Audi и SEAT, ја прошири својата листа со салон за супер спортските автомобили на Porsche.
Луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија, се едни од главните карактеристики на новиот продажен салон на Porsche кој со гламурозна свеченост синоќа беше отворен во Скопје.
Porsche е повеќе од супер бренд, маркантното име кое се поврзува со традиција во создавање на најдобри светски спортски автомобили, моќни спортски мотори, софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката, но пред се, Porsche е дефиниција за перфекција и престиж, фантастичен дизајн, раскошни перформанси и бескрајно уживање во возењето.






