Магазин
Седум работи кои не сте ги знаеле за Ајфеловата кула
Ајфеловата кула го добила името по својот дизајнер Александар Густав Ајфел, роден на 15 декември 1832 година во Дижон.
На 184-годишнината од раѓањето на францускиот архитект се потсетуваме на неговото најпознати дело посочувајќи седум работи кои не сте ги знаеле за Ајфеловата кула.
1. Ајфеловата кула има форма на тенка пирамида со четири носачи од решетки, кои се издигнуваат на 324 метри височина. Металот се шири на сонце, па кулата расте до 15 сантиметри во топлите денови од годината, а се намалува со текот на студените месеци.




