Магазин
Сердар Акар нов режисер на популарната серија „Балканска Приказна“: Најубавите години ги поминав во Македонија
Сердар Акар, продуцентот и режисер на легендарната „Збогум Румелија“, седна во режисерската фотелја на „Балканска приказна“, ТВ серија којашто се емитува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а веќе неколку месеци се снима во Скопје.
Акар со филмовите што до сега ги има снимено и со напишаните сценарија, освои многу награди во Турција и странство. Тој како продуцент и режисер на балканската серија „Збогум Румелија“, заедно со продуцентскиот и актерски тим успеаја да ги срушат рекордите на гледаност. Сердар Акар сега како дел од семејството на серијата „Балканска приказна“ вели дека најубавите години од неговиот живот ги поминал токму овде во Македонија.
– Како прво, не се чувствувам како странец во Македонија. Додека ја снимавме „Збогум Румелија“, раскажувавме за животот на луѓето овде пред сто години. Тие беа тие што требаше да си заминат, се подготвуваа за емигрирање. Денес во „Балканска приказна“ се раскажува за тие што останаа во Македонија… Освен тоа, задоволство е повторно да се биде во ист проект со луѓето со кои порано сме работеле. Уште попријатно е да се сретнеме на Балканот. Затоа што гласот на радоста е силен на овие простори. Најубавите години од животот ги поминав во Македонија. Ќерка ми се вика Балкан, претпоставувам самото тоа покажува колку сум среќен што имам можност повторно да работам овде на Балканот – вели Сердар Акар, режисер на серијата Балканска приказна.








