Магазин
Пристигнаа резултатите од обдукција: Позната причината за смртта на Ивана Трамп
Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп почина на 73-годишна возраст во својот дом во Њујорк, како последица на повреди на градниот кош, соопштија њујоршките лекари.
Веста ја потврди нејзиното семејство, а за нејзината смрт се огласи и Доналд Трамп.
Нејзината смрт била случајна, се наведува во соопштението, во кое не се прецизираат околностите.




