Занимливости
Шест жители на Малави убиени под сомнеж дека се вампири
Шест жители на областа Муланџе во африканската држава Малави биле убени во текот на септември поради сомнеж дека се вампири.
Во најмалку три инциденти, локални жители се самоорганизирале и ги нападнале своите соселани за кои се сомневале дека пијат човечка крв, како дел од ритуали за црна магија.
Локалниот полициски комесар Џејмс Кадаџера изјави дека испратиле стотина полицајци во областа за да спречат натамошни напади врз основа на вакви бизарни образложенија.




