Магазин
Што и колку храна можете да внесете во Грција?
И оваа сезона туристите кои патуваат во Грција на одмор се во дилема што е дозволено да внесат од храна и пијалак преку граница.
Според официјалните прописи во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се членки на Европската унија, а дозволено е внес до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленичиња.
Кога станува збор за овошје и зеленчук, може да се внесат до пет килограми. Што се однесува до внесот на алкохол, лицата постари од 17 години во личниот багаж можат да внесат по еден литар алкохол од 22 отсто и помалку од тоа, четири литри вино и 12 литри пиво.




