Занимливости
Што се случува кога ќе голтнеме мастика?
На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано не загрижуваат.
Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што се точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.
– Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.




