Магазин
Сите луѓе во животот имаат две шанси да бидат среќни
Судејќи според експертите, најсреќни сме во крајно необични години. Нова студија открива дека младите луѓе и возрасните на прагот на седмата деценија, всушност се најсреќни луѓе.
Според истражувањата, врвот на среќата во животот на едно лице е меѓу 18 и 25 година и тоа задоволство во средните години опаѓа.
Меѓутоа, се смета и дека лицата во 60-тите години исто така се задоволни со својот живот, бидејќи сите стресови околу подигнувањето на децата и работата сега се зад нив, па се помирни.




