Занимливости
Слика од раниот период на Ван Гог продадена за над 7 милиони евра
Уметничко дело што холандскиот уметник Винсент ван Гог го насликал во својата младост, е продадено за 7.065.000 евра на аукција во Париз.
Платното насловено „Жени крпат рибарски мрежи на дините”, беше проценето меѓу 3 и 5 милиони евра. На него се претставени селанки кои работат под облачно небо. и пејзаж од околината на холандскиот град Хаг, каде што Ван Гог кусо време и престојувал. Сликата е создадена во 1882 година, кога уметникот имал 28 години.
Купувачот е американски колекционер. Сумата платена за сликата, е светски рекорд за пејзаж од т.н. холандски период на творецот.




