Настани
Неле Карајлиќ, „ЈУ група“ и „Ван Гог“ во Скопје на „Турбо рок фестивал“
На 14 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави организаторот Авалон Продукција. На иста сцена ќе настапат Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“.
– Во месецот во кој во Скопје и Македонија ќе има рекорден број на турбо концерти, во еден друг правец, на глава на жител, ние решивме да направиме еден различен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо – рок! Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, кои сепак ќе свират по 90 минутни, целовечерни концерти, на 14 декември во СЦ Јане Сандански, со почеток точно во 20 часот, велат од Авалон.
Лидерот на Новиот примитивизам и фронтменот на ,,Забрањено пушење” и ,,Топ листа надреалиста” – НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ во живо со својот бенд, ,,40 година откако је црк’о Маршал”, ќе го изведува најдоброто од ,,Забрањено пушење”, како и нов материјал кој македонската публика досега го нема слушнато во живо!




