Музика
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“
Откако во 2019 година нѐ воодушевија со албумот „Море без брегови“ и со турнејата, која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ го започнува своето ново музичко поглавје, со синглот „Луд и сам“. Публиката на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh имаше можност премиерно да го погледне спотот, а веќе од денеска песната ќе се најде во регионалната медиумска ротација!Секогаш свежи и иновативни!
Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на фронтменот на Ван Гог – Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ- Ѓуле, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица.
Во текот на претходните две години, Срба и Ѓуле заедно со својот продуцент Воја Аралица поминаа низ уште едно инспиративно музичко патување! Како што вели фронтменот на групата Звонимир Ѓукиќ, бендот себеси не си дозволил луксуз, да се повторуваат креативно и да се потпрат на она што веќе го постигнале:





