Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Слониците Дуња и Даела претставени во Скопската зоолошка градина (ФОТО)

Занимливости

Слониците Дуња и Даела претставени во Скопската зоолошка градина (ФОТО)

Во Зоолошката градина во Скопје денеска беше забележан рекорден број посетители кои дојдоа да ги видат двете нови слоници Дуња и Даела.

Според информации од Зоолошката градина, продадени биле над 10.000 влезници. Новина е и ангажирање на волонтери кои ќе внимаваат на посетителите да не ги хранат животните бидејќи тие имаат посебен режим на исхрана.

Слониците доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Новото живеалиште кое е изградено за нив, има отворен и затворен дел и е направено според најсовремени стандарди.

Отворањето е во рамки на настанот „За европска Зоолошка“. За забавата на најмладите посетители настапија членовите на „Златно славејче“ и детската атракција Пет+бенд.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.