Занимливости
СОВЕТ ЗА ДАМИТЕ: Не претерувајте со шминката
Подлогата која се нанесува пред ставање пудра, го изедначува тенот и ги прикрива неправилностите. Таа може да биде течна, кремаста или тврда, и се користи за шминката да трае подолго.
Разликата меѓу обичната крема за лице и подлогата за пудра, е огромна. Подлогата, меѓу другото, ги прикрива недостатоците на кожата, и за разлика од кремите кои ја хидрираат кожата, тоа ги затвора порите. Поради тоа, подлогата не треба да се употребува секојдневно.
Можете и да ја нанесете врз кремата, па дури и без пудра, доколку самата подлога не содржи хидратантно дејство.




