Ви препорачуваме
Советот на една баба кој секоја мајка треба да го прочита!
Џејми Примак, откако во продавница доживеала мини нервен слом, го сменила своето размислување по советот што го добила од една постара госпоѓа.
Зборовите на утеха, кои во тој момент и ги кажала постарата жена, би требало да ги прочита секој родител:
– Вчера стигнав дома од Њујорк. Имав лет од два часа, цела ноќ не спиев и стигнав токму на време за да ги соберам децата од училиште. Заминавме дома, се пресоблековме, ги спакувавме ранците и торбите, ја почнавме домашната работа, јадевме, го прошетавма кучето, ја исправ облеката, направив листа со намирници, ја завршивме домашната, ги наполнивме шишињата со вода и повторно седнавме во автомобилот за да ја одведам Оливија на кошарка. Имав само 50 минити да тркнам до маркетот и да купам се што ми е потребно за дома.




