Занимливости
Сараевски хостел на туристите им овозможува да го вкусат воениот живот
Еден хостел во Сараево на посетителите им нуди едноставно искуство – да минат неколку денови како да се наоѓаат во војна.
Гостите на „Воениот Хостел“ на влезот добиваат шлем и воена униформа. Спијат во соби осветлени само со една сијалица што се напојува од акумулатор. Најлоните на прозорците се исти како тие што Обединетите нации им ги делеле на Сараевчани, за да ги заменат стаклата на прозорците разнесени од гранати.
Ноќе тие можат да се служат со свеќи за да се движат низ хостелот, чии ѕидови се „украсени“ со странски весници од времето на војната.




