Занимливости
Стартува #СкопјеГурман – најочекуваната гурманска кампања во градот, по четврти пат!
Повторно започнува гурманската еуфорија во градот! Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира најочекуваната кампања во годината “Недела на храна” #СкопјеГурман која започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец.
Kампањата “Недела на храна #СкопјеГурман” четврти пат по ред ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 70 локални ресторани. Годинава кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со омиленото пиво Скопско – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис, Во секоја кампања имаме екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки припремивме подароци и други изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” – кажуваат од Grouper.mk.
Во изминатите 3 години кампањата #СкопјеГурман предизвика забележителнa возбудa не само кај најдобрите угостителски објекти во градот, туку и кај наjголемите гурмани. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони. Оваа година од Grouper кажуваат дека ќе “врне” храна и попуст, а за најава на најгурманската кампања креираа интересно и креативно видео.




