Занимливости
ТАЈНА БРЕМЕНОСТ: Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители на близнаци
Во време на голем број магазини кои ги следат славните личности во секој чекор, навистина претставува предизвик да сокриеш некоја вест од очите на јавноста, особено кога станува збор за бременост.
Но, тоа не е случајот за славната двојка – Енрике Инглесијас и Ана Курникова кои ја криела бременоста од јавноста.
Според информации на магазинот ТМЗ, Ана во текот на викендот ги родила близнаците – момче и девојче, кои славната двојка ги нарекле Николас и Луси. Според нивни извори, бебињата се родени во Америка во најпрестижната болница во Мајами.





