Занимливости
Тајната на косата на Доналд Трамп е во лекот за простата
Американскиот лекар Харолд Борнстајн за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека тајната на косата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е во лекот за простата што тој го користи.
Трамп (70) подолго време го употребува лекот „Финастерид“, чија функција е да го спречува растењето и зголемувањето на простатата, но лекот како нусефект го има потикнувањето на растењето на косата.
Борнстајн тврди дека косата на претседателот Трамп е природна и негова и дека тоа се однесува и на нејзината боја.




