Занимливости
ТОМАС БАХ: „Во последен момент се договоривме претставниците од Кореја да се држат за раце“
Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет ( ИОК ), Томас Бах, го посети студиото на Дискавери и Еуроспорт во Пјонгчанг и притоа ексклузивно откри детали дека договорот со претставниците на Северна и Јужна Кореја со заедничко излегување на спортистите под исто знаме е постигнат само 4 часа пред почетокот на самата свечена церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри.
Претседателот Бах изјавил:
,,Тоа беше огромен момент и сега кога повторно го гледам ме преплавуваат емоции и се ежам. Ова е пример за Олимписка порака на место. Гледајќи ги спортистите од редот на Кореја, како се држат за раце и уживаат во моментите кои ја испишуваат историјата – тоа е непроценливо. Истите ни праќаат силна порака за пријателството и мирот од корејскиот полуостров кој е веќе постоечко место каде владее политичка нетрпеливост. “




