Занимливости
Трамп е првиот претседател на САД по 150 години, којшто нема милениче
Американскиот претседател Доналд Трамп прекрши традиција стара 150 години, со тоа што е првиот претседател по толку време без домашно милениче во Белата куќа.
Последниот претседател без свој љубимец беше Ендру Џонсон, кој од таа должност замина во 1869. како еден од двајцата претседатели на САД против кои беше покренато отповикување.
Белата куќа била дом на над 300 домашни миленичиња, односно кучиња, коњи, птици, па и по некој тигар, мечка, алигатор… Рекордер во таа смисла е Теодор Рузвелт, којшто чувал 50 животни, меѓу коишто и јазовец, утка, едноног петел и хиената Била.




