Занимливости
Трамп им покажа црвен картон на новинарите
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа ја прими делегацијата предводена од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, а во фокусот на разговорите беше Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Инфантино на Трамп му подари дерес со бројот 26, како и судиски потсетник и картони.
Првиот човек на ФИФА му објасни на американскиот претседател за улогата на жолтиот и црвениот картон, а Трамп потоа ги искорити картоните да ги „исфрли“ од игра присутните новинари.




