Занимливости
Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен
Турскиот академик Јавуз Орнек при гостување во емисија на јавната телевизија ТРТ1 изјави дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна од денес.
Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како гориво.
Орнек во емисијата нагласи и дека Ное користел мобилен телефон за да го натера синот да се качи на арката, додавајќи дека на бродот не внел живи животни, туку „јајца од сите живи суштества“.




