Магазин
TВ серијата „Балканска приказна” со нова епизода од Битола и мариовско Маково
Ердал Озјаџилар како еден од главните протагонисти во новата турска серија “Балканска приказна” којашто веќе подолго време се снима во Скопје и Сердар Акар режисер на серијата, деновиве се во посета на Битола, градот каде пред точно 13 години се снимаше една од најуспешните серии во турска продукција „Збогум Румелија”, овој пат работејќи на новата епизода од „Балканска приказна”.
Озјаџилар кој во „Балканска приказна” го глуми ликот на ќофтеџи Сулејман, е препознатлив во Македонија и Балканот по успешно доловената улога на млекарот Рамиз во серијата „Збогум Румелија”, снимена во периодот од 2007 до 2009 година во Битола, Охрид и мариовските села Маково, Орле и Ореово. “Збогум Румелија” е серија која на гледачите им раскажуваше приказна од периодот на 1899 година, кога Отоманската империја ја губи својата надмоќ на Балканот. “Балканска приказна” пак обработува дејствие од денешно време, за две семејства од две различни националности и невозможната љубов која ќе се развие меѓу Ертан (Турчин) и Јованка (Македонка) како главни протагонисти во оваа серија.





