Ви препорачуваме
Убавина од која застанува здивот: Долина на пеперутките во Турција
Сместена на славниот Ликијски пат, Долината на пеперутките се протега на 86.000 квадратни метри, а до неа е можно да се дојде единствено со чамец или со брод.
Турската Влада во 1987 година на локацијата и го додели овој назив, кога било одлучено локалната флора и фауна да се стават под заштита на државата.
Станува збор за природно живеалиште на повеќе од 100 различни видови пеперутки, кои е можно да се видат само во одреден временски период, меѓу јуни и септември. Една од најистакнатите секако е портокалово црно-белата Euplagia quadripunctaria. Освен пеперутки научниците забележале и присуство на 147 растителни видови.


![Butterfly-Valley-Turkey614[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/06/Butterfly-Valley-Turkey6141.jpg)


