Ви препорачуваме
ВИДЕО: Мислевте дека вашето дете е паметно? – Има 19 месеци, а знае да чита
Голем број деца знаат да читат кога ќе наполнат пет години, но ова деветнаесетмесечно бебе веќе знае да прочита околу 300 зборови.
Гордата мајка, Латоја Вајтсајд објави видео, на кое се гледа нејзиниот син Картер, како од картичка чита зборови. Тој има 19 месеци, а знае да прочита 300 зборови и да брои до 50.
Многу е јасно дека малиот Картер не чита разбирливо како што читаат поголемиот дел од децата, но секако е вистинско чудо што воопшто знае да чита.




