Магазин
Уште еден моден дизајнер одби да ја облекува Меланија Трамп
Том Форд е еден од повеќето модни дизајнери, кои одбија да работат за Меланија Трамп, идната прва дама на САД, а сега на тоа реагираше и самиот американски претседател Доналд Трамп.
– Ме замолија да ја облекувам Меланија уште пред неколку години и јас одбив. Не се вклопува во моите визии, изјави модниот креатор за списанието „Вју“, додавајќи дека на американските претседателски избори гласал за Хилари Клинтон, противничката на Трамп.
– Првата дама би требало да носи достапна облека, со цена поприфатлива за просечните Американки и облека што е произведена во нашата земја. Мојата облека се изработува во Италија и е многу скапа. Мислам дека првата дама треба да ги претставува сите луѓе, изјавува сега тој за „Ел“.




