Занимливости
Јужнокорејците направиле сладолед за лечење на мамурлак
Јужна Кореја важи за азиска земја во која луѓето најмногу пијат алкохол па правењето лек за мамурлак е логичен след на настаните. Се работи за сладолед за мамурлак кој е наречен Gyeondyo-bar.
Gyeondyo-bar има вкус на грејпфрут со мала количина на ориентален овошен сок од стебло на суво грозје. Сокот од грозје е состојка која во Кореја се смета за лек за мамурлак уште од 1600-тите години, кога како таков е наведен во една книга.
Студијата од 2012 година која е објавена во списанието The Journal of Neuroscience открила дека екстрактот од грозје може да ги намали ефектите од опиеност кај глувците.





