Занимливости
Вљубеност уште на четири години
Децата на таа возраст за симпатии најчесто ги бираат, оние кои ги чувствуваат како добри, но и популарни во градинките или во близината во која што живеат.
Научно е докажано кога ќе наполнат три години децата почнуваат да прават разлика меѓу мажите и жените. Тоа значи дека тогаш се идентификуваат со полот на кој му припаѓаат и почнуваат да се интересираат за работите, кои ги прави спротивниот пол.
Веќе во четвртата година може да им се случи првото вљубување. Родителите можат да забележат дека нивната ќерка најмногу се дружи со некое момче, понекогаш се држи за рака со него шепотејќи му.




