Магазин
Ненаселен остров во Пацификот „потопен“ со 17 тони отпадоци
Малиот и ненаселен остров Хендерсон, во Јужниот Пацифик е прогласен за најзагаден со пластични отпадоци во целиот свет.
Заедничкото истражување, што го спроведоа група австралиски и британски наушници и еколози, утврдиле дека на островот има по 671 парчиња разни отпадоци, а најмногу пластични, на секој квадратен метар, или вкупно 17 тони.
Во студијата се вели дека убавиот остров, со прекрасни плажи и бујно зеленило, на кој никој не живее, е „потонат“ во ѓубриштата на луѓето од светот, што научниците го означуваат како голем срам за човештвото.




