Магазин
Венеција поради сметот ја забранува храната за носење
Во италијанскиот град Венеција во следните три години ќе биде забрането отворање на нови ресторани кои нудат храна за носење.
Локалните власти ја донесоа оваа мерка со цел да се намали количеството на смет во градот.
Овие правила нема да се однесуваат на продавачите на сладолед, но ќе ги засегнат пицериите и локалите кои продаваат различни видови на брза храна.




