Ананас диета – стопете и до 4 килограми за 7 дена
За да ја држите ананас диетата може да користите и свеж ананас како и ананас од конзерва. Инаку, ананасот е нискокалорично овошје (во 100 грама содржи 46 калории), богато со бројни витамини и минерали. Диетата трае 7 дена, но по два-три дена пауза може да ја повторите уште еднаш, двапати, се додека не ја постигнете посакуваната цел.
Менито се разликува во парните и непарните денови. Еве како би требало да изгледа предлог мени за непарните денови:
Појадок – кришка ананас и чаша зелен чај без шеќер, немасен јогурт (2 дл) со лажица мусли.




