Голомеиќ: Интересот за прослави во 2021 е голем, очекуваме на пролет предлог протоколи
Времињата се менуваат. Животот се менува во време на пандемија. Но, традицијата и желбата на луѓето за прославување на најважните моменти од животот остануваат, велат од Групацијата Рагуза. Тие потенцираат дека сè поголем е интересот за свадби, прослави и настани за сезоната 2021.
– Корона кризата угостителите нè погоди, но до сега успеавме да ги задржиме вработените и се гордееме со тоа. Голем дел од вработените во Рагуза, повеќе од 20 години се дел од Рагуза фамилијата. Верувавме дека желбата за свадби, прослави и настани е голема така што кога ќе се усвојат протоколите од надлежните на пролет повторно да почнеме со активна работа, а тоа ни го докажува фактот што сé поголем е интересот за закажување термин за свадби и прослави, истакна Гоце Голомеиќ, сопственик на групацијата Рагуза .





