
Ви препорачуваме
„24 илјади бакнежи“ – љубовен концерт во Филхармонија!
Оркестарот на Филхармонија в сабота, на 13 февруари, во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.
Концертот е насловен „24 илјади бакнежи“, а на програмата се безвременски љубовни песни – „Еденбакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и др.
Насловот на концертот е извлечен песната „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена на овој концерт, напишана во 1961 година од Е.Леони, П.Виварели, Л.Фулчи и А.Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второт место. Се смета за прва рокенрол песна која влегла во конкуренција за наградата, воедно и за композиција која ја потретира младината во времето на сексуалната револуција.



