Инфлуенца и коронавирус: Прочитајте како да се заштитите
Повеќе од половина година од првиот регистриран случај на Ковид-19 во нашата земја, половина година од екстремно детални истражувања, студии и тестови, можеме да кажеме дека иако се слични, коронавирусот и сезонскиот грип се радикално различни болести.
Ова е забележливо по самата споредба на двете болести. И двете се заразни вируси кои го напаѓаат респираторниот систем, но да не заборавиме дека Ковид-19 се шири полесно и има поголема стапка на смртност од сезонскиот грип.
Најчестите симптоми на сезонскиот грип се кашлица, треска, суво грло, затнат или растечен нос, болки во мускулите и замор. Понекогаш може да се појават и дијареа и повраќање, во зависност од имунитетниот систем на личноста која е нападната од вирусот. Повеќето луѓе заразени со сезонски грип оздравуваат за околу 2 недели. Но, за голем број луѓе вирусот значи и компликации по здравјето, како пневмонија и останати респираторни проблеми.




