Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вакцинацијата против сезонски грип почнува наскоро – годинава со рекорден број вакцини

Актуелно

Вакцинацијата против сезонски грип почнува наскоро – годинава со рекорден број вакцини

Набавени се 80.000 вакцини против сезонски грип, а имунизацијата традиционално ќе започне по 15 октомври, информира Министерството за здравство. Станува збор за најголема набавка досега, со четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.

Договорот за набавка е веќе потпишан, а вакцините се очекува да пристигнат следната недела. Министерството најавува дека оваа година ќе има доволно дози за покривање на сите категории кои влегуваат во ризичните групи.

Со бесплатната вакцинација се опфатени:

Маркетинг
  • лица над 65 години,

  • пациенти со хронични заболувања,

  • здравствени работници,

  • бремени жени,

  • деца на возраст од 6 месеци до 5 години,

  • лица сместени во установи за социјална заштита, како и вработените во нив.

„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција. Таа спречува појава на потешки форми на болеста и компликации, особено кај ризичните категории население,“ истакнуваат од Министерството за здравство.

Годинава, со рекордниот број дози, институциите најавуваат пообемна и поефикасна кампања за заштита од сезонски грип.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.